Marija Sokoloska Msweightlossclinic

Marija Sokoloska Msweightlossclinic

Share

EAT THE RAINBOW �

Photos from Marija Sokoloska Msweightlossclinic's post 01/02/2026

Денес, гледајќи го овој меч, во мене се измешаа толку многу емоции.
Ѓоковиќ за мене бил и ќе остане најдобриот тенисер на сите времиња — не само како спортист, туку и како човек. Човек со духовност, стабилност, почит и внатрешна сила. Една навистина комплетна личност.

Го гледав мечот до последниот поен и верував дека ќе победи. Адреналинот беше на највисоко ниво и сум му благодарна за енергијата што секогаш ја носи со себе.

Интересно е што, кога загуби, не почувствував тага. Напротив — почувствував некаква среќа, затоа што победи еден млад, успешен и исклучително мотивиран играч, Карлос, со таа своја „вонземјанска“ енергија.

Од друга страна, бев искрено задоволна што феноменот Ѓоковиќ успеа да дојде до ваков резултат и уште еднаш да покаже зошто е тоа што е.

Мојот заклучок е едноставен, но силен:
инспирацијата, мотивацијата и акцијата не познаваат години.

Никогаш не престанувај да сонуваш

07/01/2026

Христос се роди! 🎄✨

Денес е Божиќ – ден на светлина, љубов и надеж.
Нека ова свето утро ни донесе мир во срцата, здравје во домовите и топлина меѓу луѓето.
Нека љубовта биде погласна од тишината, а добрината посилна од сè.

Да се радуваме, да простуваме и да бидеме поблиску едни до други, затоа што денес се роди Љубовта.
Навистина се роди! 🤍

29/12/2025

Дојде време да направам пресек на оваа година.
Година која не беше лесна, но беше година на реализација.
Помалку посветена на работата, а многу повеќе на сопствениот живот, на себе и на сè што ме прави жива.

Со помош на луѓе кои доаѓаа и си заминуваа, успеав да скршам длабоко вкоренети сопствени модели.
Тие не се помалку важни од оние кои останаа.

Шетав, патував, истражував, учев и живеев.
Се запознавав себеси одново, учев како да уживам, како да застанам кога ми треба пауза и како да продолжам кога мислев дека немам сила.

Сакам да му се заблагодарам на секој човек кој веќе не е дел од мојот живот и на секој што е токму таму каде што треба да биде.
Ви благодарам што останавте покрај мене.

Благодарам за храброста да се подобрувам, затоа што растењето секогаш минува низ средба со сопствената болка.
Искрено, имаше моменти кога мислев дека нема да издржам.

Но токму таму ја изградив мојата самоувереност – во моментите кога научив да стојам цврсто зад себе, да не барам вина во другите, туку одговорност во себе, и да си верувам дури и кога беше најтешко.
Денес знам која сум, што заслужувам и колку вредам.

Затоа им благодарам на годината, на луѓето и најмногу на самата себе – за храброста да ги преработам сопствените проблеми и да израснам преку нив.

Ти благодарам, 2025!
2026 – добредојде во мојот живот! ✨

Едвај ја чекам оваа година полна со предизвици кој знам дека сум спремна да ги носам .

Ви посакувам најубави спомени , мемории и многу сила за сите препреки кој нормално водат само со успех .

10/10/2025

Здраво Жени ,

Не сум активна но ветувам ќе се потрудам како поминуваат годините пбемот на работа е поголем а исто и моето време се намалува .

Знам дека секоја моја приказна која е реална ве мотивира и знам дека ќе ви даде малку надеж ❤️

Кога храната станува надеж

Да се биде нутриционист не е само работа со бројки, калории и табели.
Тоа е патување низ човечки приказни, тишини и борби што не секој ги гледа.
Секој план што го правам, секоја промена што ја предлагам, е чекор кон нешто многу поголемо – кон живот, кон нова надеж.

Понекогаш е тешко.
Тешко е да ја носиш тежината на нечии очекувања, да гледаш како некој се бори со своето тело, со хормони, со болка и разочараност.
Да бидеш таму кога ќе кажат „се обидуваме со години… и веќе не знам дали има смисла“.

Но потоа… доаѓа тој момент.
Кога ќе ти стигне порака:
„Успеавме. Конечно сум бремена.“
И знаеш дека си станал дел од чудото.

Тогаш сè добива смисла.
Тогаш разбирaш дека оваа професија, колку и да е тешка, е дар.
Дар да можеш да промениш нечиј живот, да помогнеш жена која се борела со години за потомство да го чуе срцето на своето дете.

Да успееш да станеш дел од нивната приказна — тоа е најголемото признание.
Тоа е моментот кога сите безсонови ноќи, учења, сомнежи и стравови исчезнуваат…
и останува само едно чувство — длабоко, чисто задоволство.

И толку , кој разбра и кој почуствува знае !!!

И покрај сите препреки со кој секојдневно се борам ова ми дава сила да полетам ❤️

Marija Sokoloska Msweightlossclinic EAT THE RAINBOW �

Photos from Marija Sokoloska Msweightlossclinic's post 08/10/2025
08/10/2025

Грижејќи се за себе вие паралелно се грижите и за другите .
Оставате само добар пример за тоа како треба да се живее и што ни е приоритет .

Додека бев помлада не дека сум сега престара 🙂
Ми беше полесно да се соочам со сите предизвици околу тежината и здравјето .

Сега на мој 45 години очекувате сигурно да речам :

Потешко ми е 🙂

Па не искрено баш имам поголема мотивација да си ставам предизвик и да си ја држам таа енергија и здравјето 👌

Забушавам и јас понекогаш 🤪

Но сепак се враќам бидјеки знам од каде почнав и како се чуствувам .

Време е 🙂

Зимо иде телото акумулира повеќе масти и затоа убаво е да се посветиме на здравје и активност .

Ти што ќе правеш ?

Одговори ми ✋

08/10/2025

Здраво Жени !!!

На сите консулатции едно од најчестите поставувани прашања се :

Забележав дека о стомакот само ми се зголемува иако јадам исто !!!

Чуствувам подуваност .

Имам тегови и метаболизмот ми се забавува .

жените по 40-50 година драстично се менуваат .и има неколку научно објасниви причини зошто масните наслаги (особено околу стомакот) почнуваат да се зголемуваат

Еве ги главните виновници .



🧬 1. Хормонални промени (естрогенот опаѓа)
• менопаузата, нивото на естроген значително опаѓа.
• Естрогенот игра важна улога во распределбата на маснотиите — кога го има доволно, мастите се таложат повеќе на колковите и бутовите („женски тип“).
• Кога естрогенот се намали, телото префрла складирање на масти околу абдоменот („машки тип“).
• Тоа е биолошки механизам — телото се обидува да задржи малку естроген, бидејќи мастите сами по себе можат да произведуваат мали количини на овој хормон.



⚖️ 2. Забавен метаболизам
• Со возраста, базалниот метаболизам (енергијата што телото ја троши во мирување) опаѓа за 1–2% секоја деценија.
• Телото троши помалку калории, а ако исхраната не се прилагоди, вишокот калории се складира како масти.



💪 3. Губење на мускулна маса (саркопенија)
• По 40-тата година, телото почнува постепено да губи мускули (околу 3–8% на деценија).
• Помалку мускули = побавен метаболизам = полесно таложење масти.



🍞 4. Инсулинска чувствителност
• Со годините, телото станува помалку чувствително на инсулин.
• Тоа значи дека глукозата полесно се претвора во масти, особено во висцерална маст (онаа околу органите и стомакот).



🧁 5. Начин на живот
• Помалку физичка активност, повеќе стрес, недоволен сон и неправилна исхрана (шеќери, бел леб, алкохол) значително го забрзуваат процесот.
• Кортизолот („стресниот хормон“) исто така промовира складирање масти околу половината.

Дали постои решение ?

Секако !!!

02/10/2025

Се слушам :

Не успеав со таа диета , колку пати паѓам и пробувам ете дигам раце ништо не бива од мене .

Аиииии ….

Ај сега читај :

Кога човек минува низ најтешките патишта – низ оган што гори, низ кал што влече, низ страв што парализира – тој мисли дека губи. Се чини дека поразот е неизбежен. Но токму таму, во најмрачниот дел од битката, се кова карактерот. Поразот повеќе не изгледа како крај, туку како чекор кон победа. Секој пад станува учител, секој удар е лекција, секоја солза е прочистување.
Силниот човек не е тој што никогаш не бил повреден, туку тој што стоел исправен и тогаш кога сè се рушело. Силниот човек не е тој што не чувствува болка, туку тој што знае да ја претвори во сила.
Зашто и оние што сакале да те видат поразен, мораат во тишина да признаат: силен си, недостижен, непокорен.
Голем човек е оној што знае дека не мора да се докажува пред никого, освен пред себеси. Силен човек е оној што разбрал дека животот не се мери со аплаузи и признанија, туку со тоа колку пати си станал после падот.
И ако некогаш се прашуваш кој си, сетете се на овие зборови:
Ти си оној што поминал низ оган и не изгорел. Овој свет не може да те скрши.
Голема си жено ❤️

Без разочарувања .

Напред и патот кон успехот е твој ✌️

02/10/2025

Дали вагата секогаш е показател за тоа колку сме ослабеле ?

НЕ СЕ РАЗБИРА !!!

Фрли ја вагата .

Веднаш да ја фрлиш .

Не ми плачи не си ослабела ...

Ти слабееш , вагата не ти е показател ..

Не дозволувај да те контролира .

Вагата ти е непријател послем 3 месец .

Таа не ги покажува бројките што ти ги очекуваш .

Фрли ја послушај ме .

Само продолжи 🙌

Одмори се од неа кажи и збогум за некој месец .

Подоцна ке ја гушнеш ❤️

Подоцна ке го гушнеш и огледалото❤️

Жени време е за слебеење 👍

01/10/2025

Здраво жени,

Помина летото, имав убав одмор и секако во позадина се работеше успешно со моите жени, девојки.

Поради преголемиот обем на работа не можев многу да одговарам на вашите барања бидејќи навистина овие 6 години поминаа многу жени, девојки кои бараа помош околу слабење, стерилитет, проблеми со здравјето и слично.

Цврсто стојам зад секоја од вас и верувам во секоја една и го познавам успехот на мојата програма.

Често постирам приказни, сведоштва и докази за да мотивираме и ве увериме дека храната е се.

Оваа приказна е различна, многу поразлична од тоа што досега сме го читале.

Ми се јавува родител, видно исплашени, испаничени и во безизлезна состојба.

„Марија, мојата ќерка почна самостојно диета и толку многу ослабе што сега е во групата на анорексични. И тоа не е се, најстрашното е што веќе 2 години нема циклус, кај не одевме, лекарите ни нудат хормонска терапија, но јас се плашам и знам дека тоа е моментално решение. Те молам, помогни ни.“

Работата со малолетни деца е многу тешка, треба навистина да се внимава каква исхрана се препишува, уште потешка е кога имаме раст и развој, а во овој случај хормонален дисбаланс кој навистина е опасен и може да доведе до сериозни проблеми со репродукцијата кај жената.

Беше навистина тешка одлука и за мене.
Се мислев и по два дена и се јавив.

Го земав како предизвик уверена дека ќе се подобри состојбата и дека ќе можеме да и помогнеме. Се консултирав и со гинеколог за да направиме испитувања.

Почнавме, препишавме се што треба.

До каде стигнавме?

Вчера стигнува оваа за мене емотивна порака.
Како родител исто на девојче навистина ме трогна.

Ви благодарам за целата доверба, бравос за дисциплината, бравос за мајката која донесе ваква тешка одлука да се елиминира се што е медицина и да се оди на алтернатива.

Ние имаме одличен успех, циклус повратен по 2.5 години и покачена телесна тежина.

Јавно препорачувам:

Внимавајте на вашите деца, не ги оставајте да држат сами диети, консултирајте се со стручни и специјализирани лица.
Диетата е сериозен пристап и доколку не се постапи правилно може да доведе до страшни последици.

Во прилог пораката која кога ја читам ми дава таква мотивација да продолжам и да се бориме заедно со вас.

Бравос дете наше ❤️

05/09/2025

Драги мои сограѓани од Кочани , ова е најмалку што можеме да дадеме за мојот град .
Мојата прикзна ја имате слушнато , гласно ја раскажав пред многу години , бев изгорена како бебе и цел живот се борев и психички и физички .
Милјон операции поминав и искрено благодарам на господ што сум жива и сега можам да помогнам на други деца .

Ова го решивме со мојата мајка !!!!

ВЕСНА ТУРС – СКОПЈЕ

Скопје, //2025

До СУПОРТ Кочани
Д-р Катерина Паник
Директор на Општа Болница – Кочани

ПРЕДМЕТ: Хуманитарна понуда за бесплатен одмор за децата погодени од пожарот во Кочани

Почитувана,

Ние, долупотпишаните Весна Филипова, основач на туристичката агенција „Весна Турс“ Скопје и Марија Соколоска, донесовме заедничка одлука да организираме хуманитарна акција во корист на децата кои беа најпогодени од пожарот во Кочани.

Весна Филипова, како мајка и родител на Марија Соколоска, која во минатото исто така поминала низ слична трагедија со изгореници, длабоко се сочувствува со родителите на овие деца. Токму поради тоа, таа одлучи да придонесе со овој гест, знаејќи дека на децата по претрпениот шок и траума им е потребна надеж, поддршка и позитивни искуства кои ќе им помогнат психички полесно да го надминат тежокoт период.

Со таа цел, „Весна Турс“ обезбедува бесплатно сместување за 20 деца во Аспровалта и Неа Врасна Грција, во периодот 21.09.2025 – 28.09.2025.

👉 Понудата вклучува:
• Бесплатен превоз,
• Бесплатно сместување во апартмани и приватни куќи од категорија Б,
• Здравствено осигурување за целиот престој.

👉 Карактеристики на сместувањето:
• Студиа со 2, 3 и 4 кревети,
• Сопствен балкон, кујнска единица и тоалет,
• Локација на 50–150 метри од плажа.

👉 Храната и сите други дополнителни трошоци се на сметка на корисниците.

Веруваме дека оваа хуманитарна акција ќе донесе радост и надеж за подобро утре кај децата кои претрпеа голем стрес и загуба.

Со почит,



Весна Филипова
Основач – Весна Турс Скопје



Марија Соколоска

Ве молам пријавете се во супорт и кај директорката на болницата . Пријавување до 10/09/2025

Ние сакаме од срце ова да го дадеме ❤️

Ве молам ❤️споделете . До колку имаме и повеќе деца можеме да ги акомодираме ❤️

Support Kocani

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in London?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Website

Address


London