Kompleks Negorski Banji

Kompleks Negorski Banji

Share

Здравствен, модерен и туристички центар за третман и рехабилитација во модерно опремени простории за сите видови на терапија.

29/04/2026

За прекрасната атмосфера на Grand Prix Gevgelija, ќе се погрижат Chill Out бенд. 🎤 🎶
Ова е настан кој дефинитивно не треба да го пропуштите.
Се гледаме во Негорски! 😊

28/04/2026

Оваа година Негорски Бањи ќе биде домаќин на изложба со кучиња Grand Prix Gevgelija 2026.
Не пропуштајте на 2ри и 3ти мај, Негорски Бањи.

Дојдете и уживајте во прекрасното шоу 🐶 🐕

22/04/2026

Благородна Каркалашева - Танковска
Специјалист по физикална медицина и рехабилитација во Негорски Бањи, говори околу болки во рамо и за начинот на третирање. ✅

Не чекајте, реагирајте на време и закажете го вашиот престој во Негорски Бањи.

20/04/2026

Дозволи си ден исполнет со мир и уживање. Совршено место за одмор на телото и умот.
📍 Те чекаме во Негорски Бањи

Photos from Kompleks Negorski Banji's post 16/04/2026

Во организација на ESPRM (European society for physical medicine and rehabilitation) од 23-26 март 2026 година беше одржан европски конгрес во Краков Полска на кој активно учество зедоа нашите доктори специјалисти по физикална медицина и рехабилитација.
Беше презентиран и приказ на случај со остеоартртитис на колено третиран со физикална терапија и балнеотерапија со што беа прикажани ефектите од балнеотерапијата во третман на дегенеративни заболувања. Воедно нашите специјалисти се стекнаа со нови знаења за новите протоколи за лекување на различни состојби од областа на физикална медицина и со новитети во медицинска апаратура.

14/04/2026

Благородна Каркалашева - Танковска, Специјалист по физикална медицина и рехабилитација во Негорски Бањи, говори околу пребродување на постоперативниот период и околу методите со кои се постигнува тоа.

12/04/2026

Ви посакуваме светол и благословен Велигден, исполнет со мир, здравје и хармонија.
Нека празникот донесе нова енергија, позитивни мисли и успех на личен и професионален план.

Со почит,
Негорски Бањи

08/04/2026

Спој на вкусна храна и добра музика 🌿
Велигденска забава со Libra Bend во Негорски Бањи
📅 Понеделник, 13 април
⏰ Старт 13:00
📞 Резервации на 071 259 637

08/04/2026

Хидромасажните кади делуваат длабински, ја подобруваат циркулацијата, ја намалуваат мускулната напнатост, намалуваат отоци и му помагаат на телото да се врати во природен баланс. ☺

Не чекај, реагирај на време! Се гледаме во Негорски Бањи.

06/04/2026

Во Негорски Бањи, секое движење е чекор кон подобро здравје.
Со стручен пристап и модерна кинезитерапија, му помагаме на твоето тело да ја врати силата, флексибилноста и природниот баланс. 🏃🏃‍♀️
Закажи го својот престој и препушти се на професионалиот тим.

03/04/2026

Уживајте во топлите сончеви зраци, чистиот и свеж воздух и мирната атмосфера. ☀️
Во Негорски Бањи ве очекува простор каде релаксацијата доаѓа природно.

02/04/2026

Природен извор исполнет со минерали

Водата во врелата бања има температура од 40°C, а во ладната бања 37°C.
Таа во својот состав содржи натриум сулфат, калциум, магнезиум, рубидиум, цезиум, радон и други минерали.

Бањската вода помага при лекување на:
• Ревматски заболувања – зглобен и вонзглобен ревматизам
• Дегенеративни заболувања на коски и зглобови и рбетен столб – артрози, дискус хернија, спондилоза
• Пострауматски и постоперативни состојби во ортопедија
• Заболувања на нервниот систем – состојби по мозочен удар, парези на периферните нерви, неуропатии, мултиплекс склероза, церебрална парализа, миелити, радикулопатии итн.
• Кожни заболувања – псоријаза, егземи
• Кардиоваскуларни заболувања – циркулаторна инсуфициенција на периферни артерии од различна етиологија
• Респираторни заболувања – ларингити, хронични бронхити, бронхиектазии, бронхијална астма
• Пореметувања во менструалниот циклус, аменореја, стерилитет
• Хронични воспаленија на јајници

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Gevgelija?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address


Negorci 7-mi Noemvri
Gevgelija
1480