Healthyholistic.mk
Healthy recipes for balanced lifestyle! Gluten-free | Milk-free | Sugar-free |
13/02/2023
Valentine’s truffles heart ❤️
Брзи и вкусни со само неколку состојки
Целата постапка како и точниот рецепт ќе го најдете на следниот линк
https://www.instagram.com/reel/ColCktKD8Yy/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
31/05/2022
Њоки од сладок компир во сос од свежо нане
Потребни состојки:
850гр. сладок компир
400гр. безглутенско брашно
Прстофат хималајска сол
Начин на подготовка:
Компирите измијте ги, избоцкајте со вилушка и ставете да се печат околу 50 минути на 200 степени.
Откако ќе се испечат извадете ги да се оладат 5-10 минути, а потоа излупете ги.
Ставете во длабок сад, испасирајте ги како за пире и додавајте го постепено брашното заедно со прстофат сол.
Треба да добиеме меко тесто.
Го ставаме тестото на набрашнета површина, го сечеме на четири еднакви дела и секој дел посебно го развлекуваме како на последната слика.
Сечеме со нож во форма на њоки и со задната страна на вилушката ги дооформуваме.
Во длабок сад ставаме вода да зоврие, убаво ја засолуваме и ги пуштаме њоките некои 4-5 минути да се сварат.
Готови се кога ќе излезат на површина.
Вадиме и тргаме на страна.
За сос ни е потребно:
4-5 чешниња лук (ситно исечкан)
Ливчиња свежо нане (полна рака)
Маслиново масло
Најпрвин пропржете го лукчето, а потоа намалете ја ринглата и додадете ги ливчињата нане. Внимателно да не загорат.
Пропржете кратко, па додадете ги њоките, посолете со медитеранска мешавина и убаво промешајте да се соединат вкусовите.
Се надевам ке уживате во јадењето 🌿
25/05/2022
Уживањето во домашно веганско сирење сега е многу едноставно..
Откако ги исфрлив од исхрана млекото и млечните производи поради алергија на истите единствено нешто што ми недостасуваше, бидејќи беше дел од моето секојдневие е сирењето.
Рендано во макарони, салата, на пица, исецкано на коцки и послужено на даска или пак пропржено на малку кокосово масло како тука во комбинација со слатко-лутиот сос.
Од индиски ореви, бадем и бразилски ореви, сончоглед, лешник и индиски ореви, со или без билки, природно ферментирани, без вештачки додатоци.
Нарачките за истите може да ги направите во ДМ!!
Нешто што задолжително треба да пробате е комбинација на пржено сирење со слатко-лутиот сос кое е превкусно и нема да зажалите, а еве го рецептот за истиот:
3 чили пиперчиња
3 лажици сируп од урми
1/2 чаша вода
1 лажица маслиново масло
Исецкајте ги чили пиперчињата на кругови и пропржете на лажица маслиново масло.
Додадете сируп од урми, промешајте и додадете ја водата.
Оставете така неколку минути додека да се згусне сосот со повремено промешување за да не загори случајно.
Сосот е веќе готов, го тргате настрана додека го сервирате сирењето и го посипувате одозгора.
На сликата е сирење од бадеми и бразилски ореви, моето омилено, а може да се користат и други варијанти. Ефектот е ист!
Забелешка:
Доколку не сте љубители на луто, слободно може жилките на чилито да ги извадите со нож и кратко под млаз вода.
02/05/2022
Mint balls 🌱💚
Едни од највкусните и најлесни за правење од само неколку состојки, се токму овие бомбички со листови свежо нане и спирулина
200гр. бадеми
15 свежи урми (потопени 5 минути во топла вода)
1/2 лажичка спирулина во прав
1 лажица свежи листови нане
2 лажици кокосово масло
Ги блендираме најпрвин бадемите, а потоа додаваме урми, спирулина и кокосово масло, повторно блендираме да се соедини смесата.
Ги додаваме листовите нане и уште еднаш блендираме до целосно соединување.
Формираме топчиња и ставаме во замрзнувач 30 минути.
Во меѓувреме растопуваме веган чоколадо и ги потопуваме бомбичките.
Враќаме во замрзнувач да се стегнат.
26/04/2022
Среќен Велигден 🐣
Raw Vegan Pistachio Coconut and Lime Cheesecake 💚💛🤍
Подлога:
150гр. исчистени ф'стаци
80гр. кокосово брашно
180гр. свежи урми
Крема:
400гр. индиски ореви (потопете мин. 5 ч.) 300мл. полномасно кокосово млеко од конзерва
120мл. кокосово масло
90гр. стевиа
100мл. сок од лимета
1 рендана кора од лимета
За подлога, прво ставете го ф'стакот во блендер и сомелете го на ситни парчиња, додадете го кокосовото брашно и блендирајте неколку пати за да се соедини смесата, додадете ги излупените урми и повторно блендирајте додека смесата не стане еднаква.
Во калап со дијаметар од 24см. во кој на дното има хартија за печење ја притискаме подлогата да е рамномерна насекаде.
Ја ставаме во замрзнувач додека го правиме кремот. .
За кремот ги додаваме сите состојки во блендер и блендираме додека не добиеме хомогена смеса.
Добиениот крем го истураме врз основата и враќаме во замрзнувач на мин. 4-5 часа.
Мал дел од кремот можете да оставите во фрижидер за декорација.
Овој пат за декорација користев веган марципан во форма на јајца и зајчиња.
23/04/2022
Велигденски јајца и оваа година добиени со природни бои. Се што ви треба се желба и трпение а резултатот е прекрасен 🥰🥰
Еве ја постапката по која јас ги добив овие бои:
❤️ Лушпи од кромид, вински оцет и вода
💜 Аронија во прав и вода
💛Куркума и вода
💗Розе вино, јагоди и вински оцет
💙Црвена зелка,лажичка сода бикарбона и вода
💚Црвена зелка, оцет и вода
✨Сипкавите јајца се варени во црвено вино
11/04/2022
Vegan Bean Balls in BBQ Sauce
Веган топчиња од грав во BBQ сос
Потребни состојки за топчиња:
250гр. грав (накиснет преку ноќ, утредента сварен или ако имате веќе приготвен од пред некој ден искористете го)
1/2 китка магданос
1/2 кромид
1 лажица анасон
1 лажица псилиум
1 лажица маслиново масло
1/2 лажичка микс зачин за скара
малку лук во прав и бибер
2 лажици тамари
1/2 лажица слатка пиперка
Сите состојки одат заедно во блендер каде треба да добиеме грубо блендирана смеса од која оформуваме топчиња.
Ги редиме на хартија за печење и печеме во претходно загреана рерна на 220 степени некои 20 минути или додека не поруменат.
Ако се одлучите за пржени потребно е да се пржат на средна температура со малку масло.
BBQ сос:
8 домати (извадени од замрзнувач)
15 кругчиња сушен домат
4 урми
сок од 1 лимон
лук во прав
слатка пиперка
сол
бибер
Се блендираат сите состојки заедно додека смесата не се изедначи.
Добиениот сос го ставаме на страна.
Во длабок сад ситно сецкаме 2 чешнина лук и пропржуваме,кратко, потоа додаваме 2 средни моркови сецкани на кругчиња, 3 бамии и 15 топчиња прокељ, ги пропржуваме сите заедно, го додаваме сосот и оставаме да се соедини се убаво.
Откако ке се згусне смесата малку тргаме на страна да се олади малку, а потоа врз топчињата од грав ставаме од сосот и декорираме со малку свеж магданос.
Јас тука немав магданос па затоа не ставив.
08/04/2022
Алва со рогач и корен од мака
Оставам да пробате и да го споделите вкусот.. 👌
А еве ги во продолжение потребните состојки:
400гр. таан (користев домашен од интегрален сусам)
4 лажици сируп од урми
2 лажички ванила екстракт
40гр. какао путер
1 лажичка рогач
1 лажичка корен од мака
Во две тенџерчиња ставаме на дно вода да зоврие и веднаш на решетка, на пареа ставаме по 20гр. какао путер, да се растопи истовремено и на двете места.
Ги намалуваме ринглите на средна температура и мешаме со маталка додека целосно не се растопат.
Додаваме по 200гр. таан, по 2 лажички сируп од урми, по 1 лажичка ванила и веднаш мешаме да се соединат убаво и повторно додаваме во едното лажичка рогач, а во другото лажичка корен од мака и уште еднаш промешуваме убаво да се соединат сите состојки и да не останат случајно грутки.
Сега во некој длабок сад ставаме една лажица од смесата со рогач, па една од смесата со корен од мака и се така додека не се потроши.
Со чепкалка или стапче за скара мешаме за да ги добиеме овие шари.
Ставаме во замрзнувач да одстои 1-2 часа и потоа сечеме.
Се надевам ќе ви се допадне колку и нас.. 🥰🥰
24/03/2022
Vegan Tiramisu Cheesecake 🤎🤎
Вкусен веган чизкејк комбиниран со сите класични вкусови на тирамису се состои од кремаст веган маскарпоне, еспресо и кора од бадем и лешник.
Совршен за секоја посебна пригода.
Овој лесен рецепт за чизкејк е без печење, без млеко и без јајца.
Потполно веган верзија со арома на свежо варено кафе е она што го прави посебен!!
21/03/2022
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Kumanovo
1300
