Belodore Makedonija
The Art of Fragrance. The Science of Beauty. ✨
https://bit.ly/4692JNc
11/06/2026
Nishane Meant to Be Seen, мирис кој ве потсетува да заблескате.
Се отвора со нежна темјанушка и бергамот, додека срцето од путерест ирис и базата со акценти на сусам и сандалово дрво создаваат топла, кожеста аура што зрачи со сила и елеганција.
За тивките, за сонувачите и за сите оние чиј сјај бил пригушен, но никогаш изгубен. Овој мирис ве пронаоѓа во тишината и ве потсетува: никогаш не сте биле создадени да се криете - отсекогаш сте биле создадени да бидете видени.
official
Creed Aventus - Leave Your Mark. ⚔️
Повеќе од мирис, Aventus е суптилен општествен код и тивок авторитет. Лансиран во 2010 година и инспириран од неустрашливиот дух на Александар Велики, овој парфем претставува совршен баланс помеѓу смелоста и контролата. Независен од трендовите уште од самиот почеток, тој не е ограничен од времето во кое постои - туку остава свој белег во него.
Преку традиционалната уметност на рачна изработка и Art of Millésime процесот во Франција, Creed создава формула со дури 40% природни состојки. Препознатливиот, култен акорд на ананас и рачно набраниот калабриски бергамот носат карактеристична свежина на почетокот, додека димната бреза и пачулито во базата оставаат софистицирана и впечатлива трага што долго се памети.
Откријте мирис кој не се најавува, туку се препознава.
08/06/2026
Новата Buongiorno колекција е создадена од идејата дека луксузот не мора да биде гласен за да се почувствува.
Пет мириси што го следат ритамот на бавните италијански утра, кожата облеана со сонце и моментите на кои не им е потребно ништо освен присутност.
Ова не се парфеми што влегуваат во просторијата пред вас.
Туку мириси што остануваат блиску до кожата – нежни, интимни и речиси незабележливо сензуални. Како мирисот на бела кошула по цел ден поминат на сонце, еспресо испиено на тераса или лесен поветарец што минува низ отворените прозорци на едно медитеранско утро.
Buongiorno колекцијата зборува тивко, но остава трага.
Во атмосферата. Во чувството. Во сеќавањето.
Новата Acqua di Parma Buongiorno колекција е достапна во Belodore парфимериите.
07/06/2026
Ухватете го ветерот со мирис што ја слави енергијата на островот.
Разигран и свеж, Bond No. 9 Island се отвора со светкави ноти на пикантен бел ѓумбир, зелен босилек и нане – како штотуку отворен шампањ под летното сонце.
Оваа олфактивна посвета на Њујорк ве води низ лесна прошетка во парк, каде егзотичната чампaка во срцето се спојува со топлината на килибарот и сандаловината. Мирис што носи чувство на слобода и летно бегство во самиот центар на градската врева.
Пронајдете го вашето летно бегство со Bond No. 9 во Belodore парфимериите. 🗽
Giardino Benessere Sublime
Sublime е мирисна ода на возвишеноста - алхемиски процес во кој материјата се преобразува во чиста емоција. Инспириран од процесот на сублимација, каде што цврстото се претвора во етерично, овој парфем ги брише границите меѓу реалноста и сонот, претворајќи го секој вдишување во ритуал на убавина.
Мирисот се отвора како првите зраци на зората со сицилијански нероли, цвет од праска и искричав црн пипер. Во срцето, кадифениот ирис од Тоскана и иранскиот шафран танцуваат со егзотично тиково дрво, создавајќи длабочина што потсетува на скриени храмови. Патувањето завршува во мистичен самрак – спој на темјан, сандаловина и ебаново дрво остава трага блескава како ѕвезда што паѓа на ноќното небо.
05/06/2026
Matiere Premiere Metal Lavender - Челик и свила.
Ова не е обична лаванда од бабиниот ормар; ова е лаванда облечена во футуристички оклоп. Metal Lavender ја спојува суровата, билна моќ на дивата лаванда со студениот, метален сјај кој постепено омекнува во кремаст кашмеран. Резултатот е мирис што делува кристално чисто, стабилно и целосно иновативно.
Мазната мошусна база му дава чувство на втора кожа, претворајќи ја почетната острина во ултра-модерна елеганција што им пркоси на традициите.
03/06/2026
Gritti Chantilly Extrait 🍓☁️
Исто како и прочуената Chantilly чипка по која го носи своето име, овој мирис е синоним за префинетост, леснотија и разиграност. Во својата нова Extrait верзија, станува уште пораскошен, подлабок и посензуален, задржувајќи го неодоливиот гурмански шарм што освојува уште при првото вдишување.
Замислете ја сочноста на зрелите јагоди и диња, освежени со бергамот, кои полека се претопуваат во кремаст сон од кокос и нежен цвет од црна рибизла.
Откријте го Chantilly Extrait, новитет во Belodore парфимериите. 🍰
02/06/2026
Boadicea the Victorious Dragon 🐉
Силата и флуидноста на змејот оживуваат уште при првата средба со овој префинет мирис. Светлите горни ноти ги доловуваат височините и здивот на величественото суштество, додека цветното срце и топлиот килибар ја откриваат неговата заводлива природа.
Спојот на цимет и килибар создава огнена, а сепак елегантна аура што пулсира на кожата. Ова е парфем за оние кои својата моќ ја носат со вродена грациозност.
01/06/2026
New Notes Latte Di Cherry 🍒
Инспириран од еуфоријата на ноќите што не сакате да завршат, Latte Di Cherry се отвора како заводлив коктел - сочен, кремаст и неодоливо сензуален.
Спојот на слатка провокација и кадифена елеганција го претвора овој парфемски екстракт во мирисен момент на чист хедонизам.
Мирис што не го носите.
Туку го живеете.
Искусете го Latte Di Cherry во Belodore парфимериите.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Macedonia Square
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 09:00 - 22:00 |
| Tuesday | 09:00 - 22:00 |
| Wednesday | 09:00 - 22:00 |
| Thursday | 09:00 - 22:00 |
| Friday | 09:00 - 22:00 |
| Saturday | 09:00 - 22:00 |
