Nuga Best Salon Milka
Специјализиран салон со терапевтски и топлински кревети за масажа на 'рбетниот столб и целото тело.
08/03/2021
Драги наши клиентки, жени, девојки среќен ви 🌺8ми Март🌷.
Познати сме по храброста, издржливоста, трпеливоста и давањето искрена љубов. Во тоа име го празнуваме овој ден ❤
•
•
•
#нугабест #нугабестмакедонија
#нугабестмк #здравје
18/02/2021
Со нашите драги клиентки коишто секојдневно не` посетуваат 😊 Ви благодариме на довербата. 🥰⚘
Повелете и Вие на неповторливо уживање да се ослободите од болка, несоница, висок крвен притисок и да го исчистите телото од токсини.
Ве очекуваме. Бидете здрави 🏃♀️🏃♂️
•
•
•
#нугабест #нугабестмакедонија
#нугабестмк #здравје
24/01/2021
*АКЦИЈА* на тандем масажи во претпладневните термини од 10 до 15 часот само во Нуга Бест Салон Милка.
==========================
Доколку уплатите 🔟 третмани секој поединечно од двајцата и доаѓате во овој период од денот, Ви следуваат 🔟 бесплатни масажи по избор во времетраење од 15 минути, со појасот со нискофреквентна струја за луѓе што имаат проблеми со долниот дел од кичмата или за намалување на масните наслаги на стомакот (како на првата слика) или елекот со турманиум којшто загрева и лекува одреден дел од телото (како на втората слика).
Нуга Нест креветите помагаат во третирање на:
- деформитети на 'рбетниот столб
- ревматизам
- артритис
- астма и алергија
- намален имунитет
- несоница
- варијабилен крвен притисок
- висок шеќер
- слаба циркулација
- стерилитет и многу други состојби.
==========================
Информирајте се на 076-659-454 или закажете го вашиот термин телефонски или во порака.
Бидете здрави 🏃♀️🏃♂️
31/12/2020
Среќни празници Ви посакуваме од целиот тим на Нуга Бест Салон Милка и Ви посакуваме многу среќа, љубов и остварување на секое поле. :)
Бидете здрави 🏃♀️🏃♂️
07/12/2020
ШТО Е ВРАТНА (ЦЕРВИКАЛНА) ЛОРДОЗА и колку опасна може да биде?
Човекот има специфичен 'рбет во форма на буквата S и сите органи се приспособени на 'рбетот. Прекршувајќи ја таа форма е многу опасно за вашето здравје. „Сите живеат така“, би рекле. Сите гледаат во своите телефони, наведнувајќи ги главите, седејќи пред компјутерот со часови.
=========================================
Пределот на вратот има големо значење за 'рбетот. Сите крвни садови коишто го хранат мозокот поминуваат низ него. Нормалната форма на 'рбетот во цервикалниот (вратниот) дел се нарекува ЛОРДОЗА. Тоа е малиот лак на вратот којшто е испакнат нанадвор. ХИПОЛОРДОЗА е кога таа вратна кривина е исправена, а ХИПЕРЛОРДОЗА е спротивното, зголемена лакна кривина.
Во двата случаи, луѓето чувствуваат болка во вратот, вкочанетост, пецкање, болка во едната или двете нозе, па дури и губeње на контролата врз мочниот меур.
===========================================
Вратната лордоза може да ги опфати сите возрасни групи и како што ќе се влошува состојбата на пациентот, ќе почне да му се менува кривината на 'рбетот.
✅Со помош на Нуга Бест Н5️⃣ креветот, вратот како и останатиот дел од кичмата се масираат и топлат за време на 32 минутната терапија или 47 минутната терапија, со што се спречува процесот на пореметување на кривината на вратот.
➡️Информирајте сѐ и закажете го вашиот термин на 076659454 или во порака. Бидете здрави 🏃♀️🏃♂️
09/10/2020
Драги клиенти и пријатели, денес 10 октомври, го славиме нашиот 1️⃣ роденден🥂🎉🎈и поради тоа, сите закажани третмани на тој ден се бесплатни.
Многу сме среќни што за една година постигнавме голем успех на тој начин што помогнавме на многу луѓе да го подобрат своето здравје а воедно го проширивме гласот за алтернативната медицина и за нејзиниот бенефит во нашиот секојдневен живот.
Нашата мисија продолжува и понатаму во борбата против болестите како последица на модерниот и брз живот.
🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸
Бидејќи нашата цел е благородна и ги опфаќа речиси сите старосни групи, на ваков убав ден би сакале да доделиме неограничен број третмани на ЕДНО ДЕТЕ СО СКОЛИОЗА коешто нема можност да плати за вакви третмани. Условот е детето да има до максимум 18 години, да е социјален случај или со еден родител и да може да се качува по скали, дали самостојно или со помош затоа што зградата во којашто се наоѓаме нема лифт.
Ве замолуваме доколку познавате таков случај, да го пријавите во порака или тука во коментар. Првиот пријавен што ги исполнува условите ќе биде корисник на третманите.
🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸🌸
Да ни се множат годините во здравје, слога и љубов.
На здравје и живели 🍾🍹🍸Ви посакува тимот на Нуга Бест Салон Милка.
БОЛКИ ВО ВРАТОТ - ПРОБЛЕМ НА 21-ВИОТ ВЕК
Доколку ве боли вратот, не ја игнорирајте болката!
Мозокот е главниот орган којшто ги контролира и регулира повеќето функции во човечкото тело.
Снабдувањето на мозокот со кислород е многу битно за нормално функционирање на мозокот.
Крвотокот го снабдува мозокот со кислород и глукоза.
Мозокот ја сочинува 2% од тежината на телото, користејќи 25% од кислородот којшто влегува во телото.
Каротидните артерии обезбедуваат околу 70-85% од крвотокот до мозокот. Тие се крвни садови коишто се наоѓаат во вратот и го пренесуваат крвотокот до мозокот. Стеснувањето на каротидните артерии поради спазма или грчење на мускулите во вратот го намалува протокот на крв до мозокот и го зголемува ризикот од појава на глад за кислород.
Нервното ткиво во мозокот може да опстане без доток на кислород 4-5 минути и после тоа време настапува оштетување на мозочното ткиво. Колку е подолг периодот на недостаток на кислород, толку е поголемо нивото на оштетување на ткивото. За 15 мин. отсуство на кислород, околу 95% од мозочното ткиво умира.
Спазмата во вратните мускули е една од најнепријатните состојби којашто предизвикува болни реакции и двојна непријатност затоа што мускулите на овој дел од телото се одговорни за ротационите функции на главата, за дишењето, голтањето и говорот. Тоа може да доведе до застој на протокот на крв, главоболки, вртоглавици и умор. Особено се појавува кај луѓе чиишто вратни мускули се напнати долго време - канцелариски работници, текстилни работници, возачи.
Нуга Бест N5️⃣ масажниот кревет помага:
✔ да се намали ⬇️ воспалението,
✔ да се намали отокот
✔ ја зголемува ⬆️ циркулацијата и метаболичните процеси
✔ ги зацврстува вратните мускули
✔ ослободува од болка
✔ поттикнува обновување на оштетените ткива на мускулно-скелетниот систем
✔ ја зголемува издржливоста, силата и координацијата.
Доколку ги имате овие проблеми, напнатост во вратот, вртоглавици, дезориентација, проблеми при спиењето, пишете ни во порака или побарајте нѐ на 076-659-454.
Бидете здрави 🏃♀️🏃♂️
22/08/2020
Ние вака го започнуваме денот, со овесна каша полна со јатки и сезонско овошје. Кај нас ќе добиете и совети како да се храните здраво покрај масажите на креветот.
Како го започнувате вие вашиот ден?
•
•
•
#нугабест #нугабестмакедонија #здравје
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Telephone
Website
Address
Разловечко Востание 5
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 10:00 - 20:00 |
| Tuesday | 10:00 - 18:00 |
| Wednesday | 10:00 - 20:00 |
| Thursday | 10:00 - 20:00 |
| Friday | 10:00 - 18:00 |
| Saturday | 10:00 - 20:00 |
