Tiny Fingers Baby Spa
Дозволете да ги разгалиме сите сетила на Вашето малечко �
29/04/2025
Ваква ќе биде насмевката на Вашето бебенце додека ужива во хидротерапијата 🫧 музика која опушта 💆♀️а потоа и во нежните движења за време на масажата 🐣
Baby spa искуството не е само разгалување на сите сетила, baby spa искуството е грижа за здравје и развој 🤗
13/03/2025
Зошто индувидуалниот пристап кон секое бебе ни е толку битен? 🤗
- Најпрво, родителите завршуваат со пополнување на консултацијата - кратки прашања во врска со бебето, потоа заедно со терапевтот разговараат за стекнатите навики, досегашниот развој и потешкотиите со кои се соочиле. Исто така, добиваат детален опис од страна на терапевтот за самиот третман и ги запознава со начинот на кој ќе се одвива целиот процес.
Потоа следи периодот на адаптација кој според нас е пресуден и многу помага да имаме успешен третман.
За бебенцето тоа е нов простор и нова личност на која оставаме време да се навикне пред да почнеме со било што.
За таа цел ја создадовме нашата мини игротека која освен што има соодветни занимации за поголеми батковци и дадички, ја користиме за опуштање на бебенцето 🧸
Со самото тоа што наликува на детска соба исполнета со весели и шарени бои помага бебенцето да се чувствува сигурно, полесно се адаптира на новиот простор и преку интеракцијата што ја имаат - побрзо стекнува доверба во нашиот терапевт која ни е од големо значење за процесот што следи 🥰
08/03/2025
Никогаш не заборавајте колку сте посебни и моќни како жени!🌷
Продолжете да инспирирате со Вашата магија ✨
СРЕЌЕН 8ми МАРТ НАШИ НАЈСАКАНИ ДАМИ 🩷
17/02/2025
🍀 СРЕЌА 🍀 е нашето второ име 🤗
Освен што има многубројни бенефити за правилен раст и развој, baby spa искуството ќе биде вистинско уживање и релаксација за Вас и Вашето малечко 🫧
13/02/2025
Една од основните компоненти кои ни помагаат да имаме успешен третман, а која можеме да ја издвоиме и како најглавна затоа што од тоа зависи прифаќањето на процесот што следи е - индивидуален нежен пристап кон секое бебе 👶
Пред да започнеме со било каква активност оставаме време на бебенцето да се адаптира на новиот простор и да стекне доверба во нашиот терапевт 🤗
А каде најлесно би го постигнале тоа, ако не во соба полна со весели бои и шарени играчки? 🧩
28/01/2025
Зошто масажата треба да биде неизоставен дел за правилен развој на бебињата и малите деца? 🤗
За бебињата и малите деца масажата е стимулација на целиот централен нервен систем. Исто така, допринесува за емоционално смирување, ги оксигенира клетките и побрзо ги доставува хранливите материи до нив.
Го подобрува дишењето и квалитетот на нивниот сон, што за родителите е еден од омилените бенефити заедно со намалувањето на грчевите 🥰
23/01/2025
НАШИОТ BABY SPA ЦЕНТАР - ОМИЛЕНО МЕСТО НА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО 🏠
1️⃣ Индивидуален пристап на секое бебе 👶
Пред да започнеме со било која активност, детално ги проценуваме развојните фази низ кои поминува бебето, како и неговите специфични потреби.
- најпрво родителите пополнуваат консултација - прашања во врска со бебето, а потоа заедно со терапевтот разговараат за навиките на бебето, досегашниот развој и дали се соочиле со било какви потешкотии. Врз основа на тоа, терапевтот креира план кој најмногу одговара за Вашето бебе и според тоа Ве води низ целиот процес 🤗
* еден термин е само за едно бебе со цел да креираме сигурна средина и секој да се чувствува попријатно.
Третманот трае околу еден час, но ние секогаш одвојуваме два часа за секое бебенце затоа што пред да почнеме со било што му оставаме време за адаптација на новиот простор и стекнување доберба во терапевтот.
2️⃣ Следење реакции 🧐
За време на сесијата, терапевтот внимателно следи како реагира бебето на различни стимулации - од топлината на водата до допирот за време на масажата. Според тие реакции го прилагодува секој момент за искуството да биде попријатно и корисно за бебето.
* исто така, постојано ги следиме потребите на нашите мали клиенти и го прилагодуваме текот на третманот според нив па веднаш по хидротерапијата или масажата, зависи од бебенцето, правиме пауза за ручкање 🍼
3️⃣ Присуството на еден родител е задолжително 👨👩👦
* заради интеракцијата и поврзаноста што ќе ја имате со Вашето малечко за време на ова нова активност, препорачуваме доколку се во можност да се присутни и двајцата родители.
22/01/2025
Дa се потсетиме, кои се придобивките кои Вашето бебе ќе ги добие од хидротерапијата? 🫧
Мора да истакнеме дека хидротерапијата е многу корисна за бебињата затоа што им помага со рамнотежата, координацијата, силата и сонот.
Освен подобрување на квалитетот на сонот, влијае и на намалување на непријатностите од грчевите, гасови, запек и повраќање, а редовното спроведување на терапијата е корисно и за кардиоваскуларниот и респираторниот систем.
Исто така, хидротерапијата можеме да ја издвоиме како омилен дел од baby spa искуството на сите малечки. Покрај тоа што има многубројни бенефити за нивното здравје, ова за нив претставува и вистинско уживање 🤗
За било какви прашања или дополнителни информации, консултации и закажување на термини, контактирајте не во порака или на 075 434 214.
Ве очекуваме 🤍
04/01/2025
Ја продолжуваме магијата на дедо Мраз 🎅 со неговите слатки мали помошници кои се најслаткото нешто што ќе го видите денес 🤗❤️
31/12/2024
Ја завршуваме годинава како што треба, полна со љубов, насмевки и топење, како што ни беше и вчерашниот ден 🥰
За наредната посакуваме здравје за сите, уште многу заеднички спомени и задоволни бебиња 🤗
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна ❤️
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА 🎄✨
Click here to claim your Sponsored Listing.
Category
Website
Address
Franjo Kluz 3 2/9
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 10:00 - 18:00 |
| Tuesday | 10:00 - 18:00 |
| Wednesday | 10:00 - 18:00 |
| Thursday | 10:00 - 18:00 |
| Friday | 10:00 - 18:00 |
